Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нетанјаху: Израел ќе го издржи притисокот за запирање на акцијата врз Газа

Нетанјаху: Израел ќе го издржи притисокот за запирање на акцијата врз Газа
Израел ќе се спротивстави на меѓународниот притисок да ги запре своите операции против палестинските екстремисти во Појасот Газа, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Тој објави дека израелската војска во досегашната офанзива од вторникот нападнала повеќе од 1.000 цели и употребила двојно поголема сила отколку во сличната операција извршена во 2012 година.
Нетанјаху навел дека имал „многу добри, позитивни“ консултации со американскиот претседател Барак Обама и со германската канцеларка Ангела Меркел и додал дека „меѓународниот притисок нема да го спречи Израел да делува со целата своја сила“. Палестински официјални претставници соопштија дека во израелските воздушни напади досега загинале најмалку 120 лица, а повредени се уште 750. Канцеларијата на Обединетите нации за координација и хуманитарна работа проценува дека 77% од загинатите во Газа се цивили.
Израел, пак, наведува дека меѓу загинатите има „десетици терористи“.
Токму заради ваквите бројки, Обединетите нации изразија сомневање во легалноста на израелската интервенција во Газа. Високата претставничка на ОН за човекови права, Нави Пилај изрази сомнеж дека Израел со воените операции во појасот Газа го прекршува меѓународното право, кое не дозволува напад на цивили и ги повика двете страни да ги почитуваат правилата на војување. „Меѓународното право бара од Израел да ги преземе сите мерки, со цел нападите да бидат пропорционални, со што би се избегнале цивилни жртви“, истакна Пилај.    
Слично

Поврзани вести