„НЕТАНЈАХУ Е ВОН КОНТРОЛА, ДА ГИ ПРЕКИНЕМЕ ОДНОСИТЕ СО ИЗРАЕЛ СЕГА!: Шпанската министерка Белара згрозена од геноцидот во Палестина
Шпанската министерка за социјални права и шефица на партијата Подемос, Јоне Белара, го коментираше конфликтот меѓу
Израел и Хамас нагласувајќи дека „Нетанјаху,
кој е на чело на државата
Израел, е целосно надвор од контрола. Тој ги прогласи ОН за непожелни. Важно е
меѓународната заедница да престане да му се умилкува и да му се спротивстави. Повторувам: економски санкции и
ембарго за оружје. “ напиша таа на Твитер.
Таа потоа објави видео во кое предложи „четири работи што европските земји би можеле да ги направат денес за да го запрат геноцидот во Палестина“. „Денес дознавме дека Нетанјаху ги прогласи Обединетите нации за непожелни во Израел. Тоа значи дека персоналот на ОН нема да има визи за патување во таа област“, рече таа.
4 things that European states could do today to stop the genocide in Palestine. Let's act. pic.twitter.com/OucPuYHbZR
— Ione Belarra (@ionebelarra) October 25, 2023
„Сè уште е можно да се запре геноцидот“
„Ова е резултат на фактот дека ниту Нетанјаху, ниту државата Израел не одговараа за нивната нелегална окупација на палестинската територија во последните децении. Постојат четири работи што европските земји можат веднаш да ги направат. Прво, да ги прекинат дипломатските односи со Држава Израел. Второ, да се спроведат силни економски санкции како што беше направено со Путин“, продолжи таа.
„Трето, да се воведе ембарго за оружје. Четврто, како што беше направено и во случајот со војната во Украина, доведете го Нетанјаху и сите политички лидери одговорни за бомбардирањето на цивилното население пред Меѓународниот кривичен суд. Ајде да направиме нешто, сè уште е можно е да се запре геноцидот“, заклучи таа.
ФОТО: EPA