Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нетанјаху: Државите што ја признаваат палестинската држава ги наградуваат терористичките акции на Хамас

Нетанјаху: Државите што ја признаваат палестинската држава ги наградуваат терористичките акции на Хамас

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека создавањето палестинска држава го загрозува постоењето на Израел. Оваа негова изјава доаѓа oткако Обединетото Кралство, Австралија и Канада ја признаа Палестина. 

Посочи дека Израел решително ќе се спротивстави на меѓународните иницијативи за формирање палестинска држава, нагласувајќи дека против овие процеси ќе се бори и пред Генералното собрание на Обединетите нации (ОН).

„Треба да се бориме во ОН и на сите други арени против лажната пропаганда против нас и против повикот за создавање палестинска држава што би го загрозило нашето постоење и би претставувало апсурдна награда за тероризмот“, кажа тој.

Според него, државите што ја признаваат палестинската држава, всушност ги наградуваат терористичките акции на Хамас против Израел.

Потсети дека ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп по неговиот говор во ОН.

Слично

Поврзани вести