Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нетанјаху дрско му го врати срушениот дрон на иранскиот министер

Нетанјаху дрско му го врати срушениот дрон на иранскиот министер

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху имаше бурен настап на Безбедносната конференција во Минхен на која мафташе со парче од срушен ирански дрон кој од Сирија навлегол неовластено на територија на Израел. 

Нетанјаху му рече на иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф дека тоа парче е токму од нивниот дрон и ако го препознава може слободно да си го земе назад. Израелскиот премиер го обвини Иран дека е најголемата закана за регионот со идејата за развој на нуклерана бомба со која сака да ја уништи еврејската држава.

Ирачаните му возвратија на Нетанјаху дека Израел не е семоќен и дека подобро е да се решат проблемите преку дипломатски канали, а не ваков јавен начин.

По рушењето на дронот, Израел изведе одмазничка акција во фабрика во Сирија од каде се претпоставува дека беспилотното летало било лансирано. Во тој напад сириската антивоздушна одбрана сруши израелски воен авион Ф-16. Потоа Израел уште еднаш стартуваше офанзива преку нови воздушни напади која е една од најголемите во последните децении. 

Слично

Поврзани вести