Нетанјаху бара од војската да преземе контрола на над 70 проценти од Газа
Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху изјави дека ѝ наредил на израелската армија да преземе контрола над 70 проценти од територијата на Појасот Газа.
„Сега контролираме 60 проценти од територијата на Газа. Бевме на 50 проценти, а сега преминавме на 60. Мојата директива е да продолжиме понатаму – чекор по чекор – прво до 70 проценти“, изјави Нетанјаху.
Според него, Израел дополнително го „стега обрачот“ околу палестинската терористичка група Хамас.
Израелските одбранбени сили уште кон крајот на април објавија мапи според кои војската контролира околу 64 проценти од Газа.
Проширувањето на контролата врз поголем дел од Појасот Газа би значело дека околу два милиони Палестинци ќе бидат потиснати на уште помал простор во веќе разурнатата енклава.
Хамас го обвини Израел за кршење на договорот за прекин на огнот постигнат во октомври 2025 година.
Од палестинското движење соопштија дека Израел со поместувањето на линијата на разграничување го поткопува примирјето и се обидува со сила да воспостави нова реалност на теренот.
На 7 октомври во 2023 година, Хамас изврши напад во јужен Израел, уби многу луѓе кои учествуваа на фестивал, дел ги киднапираше, по што Израел спроведе офанзива во Газа.
foto printskrin youtube
