Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕТАНЈАХУ ДО ПАЛЕСТИНЦИТЕ: Синвар ви го уништи животот, ви кажа дека е лав, а беше убиен додека панично бегаше

НЕТАНЈАХУ ДО ПАЛЕСТИНЦИТЕ: Синвар ви го уништи животот, ви кажа дека е лав, а беше убиен додека панично бегаше

Израел го исполни ветувањето дека ќе го убие лидерот на Хамас, вели израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. 

Тој рече дека злото „претрпело тежок удар“, но предупреди дека задачата на Израел „не е завршена“. 

Обраќајќи им се на семејствата на заложниците, тој рече дека ова е „важен момент во војната“.

„Ќе продолжиме со сите сили до враќањето во домовите на вашите најблиски“, вели израелскиот премиер. 

Тој исто така имаше порака до жителите на Газа.

„Синвар ви го уништи животот. Ви кажа дека е лав, но во реалноста се криеше во мрачно дувло – и беше убиен додека панично бегаше од нашите војници“, вели Нетанјаху. 

Германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок го повика Хамас да ги ослободи сите заложници и да го остави оружјето откако Израел соопшти дека го убил Јахја Синвар, водачот на таа милитантна група.

На 7 октомври лани Хамас го нападна Израел, уби над 1.400 Израелци, но и странци. 

Синвар (61) стои зад нападот врз Израел кој се случи на 7 октомври минатата година. Тој помина 23 години во израелските затвори пред да биде ослободен во 2011 година како дел од размена на затвореници.

Слично

Поврзани вести