Nestle издвои 73 милиони франци за новиот бренд „Maggi“ во Русија
Швајцарската компанија „Nestle“ инвестираше 73 милиони франци во новата фабрика за производство на брендот „Maggi“ во Русија.
Најголемиот светски прехрамбен производител, во новата фабрика, во регионот Владимир, источно од Москва, годишно ќе произведува околу 30.000 тони од производите од брендот „Maggi“, пред се, инстант супи, чoрби и сосови, пренесува швајцарскиот весник „24 часа“.
Производите ќе бидат наменети за пазарот на Русија и поранешните советски републики.
Слично
