Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нестле ги продава лошите брендови

Нестле ги продава лошите брендови
Еден од најголемите светски гиганти за храна, компанијата Нестле ја разгледува можноста за продажба на своите непрофитабилни брендови. Компанијата има намера да ги подобри своите бизнис стратегии со отстранување на компаниите кои реализират лоши резултати. Управниот директор на швајцарската компанија Пол Булке, ги информираше инвеститорите дека Нестле ја составува листата на компании, чии бизниси може да се подобрат и онаа со компании кои им прават проблем, пренесе Ројтерс. „ Ќе продаваме поединечни брендови. Сакаме да правиме бизнис, а не да вегетираме", истакнува Булке. „Листите се изготвени и сега е на ред конкретен потег. Временскиот рок треба да се мудро дефинира, но неизбежно мора да направиме нешто конкретно", додаде тој во своето обраќање кон инвеститорите. Според Булке, одредени брендови „премногу долго ја избегнувале контролата, како и соработката на ниво на групација." Според неименувани извори, минатата недела Ројтерс пренесе дека Нестле ќе ги продава енергетските барови Nestle Pauerbar. Компанијата минатата година оствари приход од 92,2 милијарди швајцарски франци.
Слично

Поврзани вести