Nestle до 2016 година во Европа ќе вработи 20.000 лица помлади од 30 години
Компанијата Нестле објави дека до крајот на 2016 година во Европа ќе вработи 20.000 лица помлади од 30 години.
Станува збор за иницијативата Nestlé needs YOUth во рамките на која Нестле планира да вработи дури 10.000 млади, а за уште 10.000 да понуди пракса и приправништво.
Иницијативата ќе се спроведува во дел од Европа, а ќе ги вклучи сите работни субјекти на компанијата Нестле. Вработување, приправништво или пракса, младите ќе можат да добијат на сите позиции, од асистенти во компаниите до оние во продажба, маркетинг и сл.
Ова е прва иницијатива за вработување на млади покрената од страна на приватни компании, со кои се настојува да се поттикне, развие и засили вработувањето на младите во Европа.
Слично
