Несреќа по несреќа: Се урна авион кој трагаше по исчезнатиот малезиски авион!
Се урна авион на индиското воздухопловство AC-130J Herkules, додека трагаше по исчезнатиот малезиски авион во Индискиот Океан. Според првичните информации на индиските медиуми, во несреќата загинале сите петмина членови на екипажот на авионот.
Но, официјални извори тврдат дека спасувачката акција сéуште трае и не се исклучува можноста да има и преживеани.
И по потрагата која трае речиси три недели, нема трага од малезискиот патнички авион со 239 патници и членови на екипажот, за кој се претпоставува дека се урнал некаде во јужните делови на Индискиот Океан.
Во потрагата по малезискиот авион од летот МХ370 се вклучија преку 20 земји, а акцијата во јужниот дел на Индискиот Океан ја води Австралија.
Слично
