Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕСИГУРНОСТ: 66 милиони Американци немаат пари за „црни денови“

НЕСИГУРНОСТ: 66 милиони Американци немаат пари за „црни денови“

Околу 27% од населението на САД, или 66 милиони луѓе немаат заштеди, кои можат да им требаат при непланирани ситуации, соопшти Bankrate.com.

Граѓаните на возраст меѓу 36 и 51 година се со особено несигурна финансиска состојба.

Истражувањето исто така покажува дека само 28% од Американците имаат пари настрана, со кои би можеле да ги подмират трошоците во текот на шест месеци. Оваа бројка е највисока во последните шест години  и бележи голем скок во споредба со минатата година, кога 22% од Американците имаа доволно заштеди, за да можат да преживеат без плата половина година, пишува списанието „Тајм".

Оние кои се на 71 година или повеќе многу е веројатно да имаат заштеди.

Покрај тоа, една студија минатата година покажа дека околу една третина од Американците кои заработуваат најмалку 75 000 долари годишно живеат од плата до плата.

Слично

Поврзани вести