НЕШТО СТРАШНО СЕ ПОДГОТВУВА, ТРАМП ПОВИКУВА НА ИТНА ЕВАKУАЦИЈА ОД ТЕХЕРАН: „Сите треба веднаш да го напуштат градот!“
Конфликтот меѓу Израел и Иран влезе во својот петти ден во
вторник, а американскиот претседател Доналд Трамп ги повика Иранците да го
евакуираат Техеран, нагласувајќи дека Иран требало да потпише договор за
ограничување на развојот на нуклеарно оружје.
„Иран требаше да го потпише „договорот“ што им реков да го потпишат. Каква срамота и губење човечки живот. Едноставно кажано, ИРАН НЕ МОЖЕ ДА ИМА НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ. Го кажав тоа одново и одново! Сите треба веднаш да го напуштат Техеран!“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social во понеделник.
Axios објави дека Белата куќа разговара со Иран за можноста за состанок оваа недела меѓу американскиот претставник Стив Виткоф и иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи. Ројтерс не можеше веднаш да ги потврди деталите од извештајот.
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави за „Фокс њуз“ дека Трамп останува посветен на нуклеарниот договор со Иран, додавајќи дека САД ќе ги бранат своите средства во регионот.
Ројтерс, според своите извори,наведува дека Техеран побарал од Оман, Катар и Саудиска Арабија да го повикаат Трамп да изврши притисок врз израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да се согласи на итен прекин на огнот. За возврат, Иран ќе покаже флексибилност во нуклеарните разговори, според два ирански и три регионални извори.
„Доколку претседателот Трамп е искрен во врска со дипломатијата и е заинтересиран да ја запре оваа војна, следните чекори се значајни“, рече иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, на X.
Разговорите меѓу САД и Иран, чиј домаќин беше Оман, беа закажани за 15 јуни, но беа откажани, а Техеран изјави дека не може да преговара додека е нападнат. Израел ја започна својата воздушна војна со изненадувачки напад во кој загинаа речиси сите врвни ирански воени команданти.
фото: EPA-EFE/YAHYA ARHAB