Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нервоза во Кремљ: Путин на средбата ги навредил кинескиот претседател и Лавров

Нервоза во Кремљ: Путин на средбата ги навредил кинескиот претседател и Лавров

На каналот „Генерал СВР“ лансиран на платформата Телеграм се појави репортажа која покажува дека во Кремљ владее многу нервоза.

Според извештајот, рускиот претседател Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров се состанале преку видео-конференција во средата за да разговараат за односите со Кина. Путин, наводно, бил „изваден од такт“ поради фактот што Кина одбива да обезбеди финансиска и воена помош за Русија. Тој бил толку лут, пишува швајцарски Blick.ch, што го навредил својот министер со погрдни епитети.

„За време на средбата, Путин упати и неколку погрдни забелешки за кинескиот претседател Си Џинпинг“, се вели во соопштението на каналот Телеграм, за кој се верува дека го администрира упатен во Кремљ уште од првиот ден од руската инвазија на Украина.

По фрустрацијата, Путин директно го обвини Лавров за неуспехот на преговорите со Кина. Во соопштението се наведува дека Путин неколку пати го прекинувал Лавров кога тој се обидувал да се одбрани.

Генерално, се чини дека руските политичари во последните денови ги заострија своите тонови до крајност.

Неодамна, поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, исто така, испрати лута порака против наводните непријатели на Русија. „Јас ги мразам. Тие се гадови и дегенерици“, напиша Медведев во вторникот во пораката на интернет сервисот Телеграм. Медведев напиша дека овие луѓе сакаат „смрт за Русија“, но експлицитно не напиша на кого мисли.

Но, треба да се верува дека мислеше на Западот, кој воведе тешки економски санкции кон Русија и кој континуирано испраќа оружје и логистичка поддршка за нападната Украина.

Патем, кога се во прашање Кина и Русија, треба да се знае дека тоа се историски источни сојузници и економски и воени суперсили. Кина и даваше срамежлива поддршка на Москва на почетокот на руската инвазија, но кога почнаа да пристигнуваат првите санкции од Запад, Пекинг одлучи да се дистанцира од Русија, најмногу поради страв од санкции кои би можеле да го уништат кинеското технолошко производство, пренесува Вечерњи лист.


Слично

Поврзани вести