Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕПРОМИСЛЕН ЧИН НА ПУТИН, РУСИЈА МОРА ДА ЈА ПРЕКИНЕ АКЦИЈАТА: Шулц и Макрон за нападот врз Украина

НЕПРОМИСЛЕН ЧИН НА ПУТИН, РУСИЈА МОРА ДА ЈА ПРЕКИНЕ АКЦИЈАТА: Шулц и Макрон за нападот врз Украина

– Ова е ужасен ден за Украина и црн ден за Европа – рече Шолц

Германскиот канцелар Олаф Шолц го окарактеризира рускиот напад врз Украина како кршење на меѓународното право. Во телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски, тој ја изразил солидарноста на Германија.

– Во овој тежок момент ви гарантирам целосна солидарност на Германија – рече германскиот канцелар Олаф Шолц.

- Нападот на Русија врз Украина е грубо кршење на меѓународното право и тоа не може да се оправда со ништо. Германија најостро го осудува овој непромислен чин на претседателот Путин – напиша Шолц преку Твитер.

Шолц побара од Русија веднаш да ја прекине воената акција и најави дека во текот на денот ќе се консултира со партнерите во рамките на Европската унија

Ова е ужасен ден за Украина и црн ден за Европа – рече Шолц.

Макрон: Русија мора да ја прекине акцијата

Францускиот претседател Емануел Макрон, кој го направи последниот, но несреќен напор за постигнување мир преку самитот на Владимир Путин и Џо Бајден, го осуди нападот врз Украина.

– Франција остро ја осудува одлуката на Русија да води војна против Украина. Русија мора веднаш да ги прекине своите воени операции. Франција е солидарна со Украина. Таа стои покрај Украинците и работи со своите партнери и сојузници за да се стави крај на војната – рече Макрон.

Осуди пристигнуваат и од други земји

Норвешка, членка на НАТО која ја дели границата со Русија на Арктикот, го осуди рускиот напад врз Украина, како и Полска, Италија и Јапонија, меѓу другите.

„Русија е целосно одговорна да ја доведе Европа во оваа многу мрачна ситуација“, рече норвешкиот премиер Јонас Гар Стере во изјавата.

Тој исто така рече дека Москва мора веднаш да ги прекине сите воени дејствија и да го почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, пренесува Ројтерс.

Одделно, норвешкото Министерство за надворешни работи објави дека ја преместува својата амбасада во Украина од Киев во градот Лавов, на западот на земјата.

Полска денеска соопшти дека очекува одлука за зајакнување на источното крило на НАТО, откако руските сили ја нападнаа Украина, изјави портпаролот на полската влада.

- Сега е време да се зајакне источното крило на НАТО. Очекуваме да се донесат такви одлуки - изјави Пјотр Милер.

Тој рече дека полските дипломатски мисии во Украина ќе останат отворени „што е можно подолго“, според Ројтерс.

Италија, исто така, го осуди рускиот напад врз Украина како „неоправдан“, а премиерот Марио Драги изјави дека работи со своите европски и НАТО сојузници, со цел „веднаш да одговори со единство и одлучност“.

Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска изјави дека остро ги осудува едностраните потези на Русија, по извештајот дека руските сили истрелале проектили врз неколку украински градови.

Кишида рече дека им наложил на релевантните јапонски служби да направат се што е можно за да се осигура безбедноста на јапонските граѓани во Украина, пренесе Ројтерс.

Слично

Поврзани вести