Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕПРИЈАТЕЛОТ ЌЕ СЕ СООЧИ СО НАЈТЕШКИТЕ ПОСЛЕДИЦИ ОД НОВИОТ ПЛАН ЗА ОДМАЗДА: Кадиров порача, ЗАПАМТЕТЕ!

НЕПРИЈАТЕЛОТ ЌЕ СЕ СООЧИ СО НАЈТЕШКИТЕ ПОСЛЕДИЦИ ОД НОВИОТ ПЛАН ЗА ОДМАЗДА: Кадиров порача, ЗАПАМТЕТЕ!

Откако рускиот претседател најави делумна мобилизација поради војната во Украина, на својот канал Телеграм се огласи и лидерот на Чеченија Рамзан Кадиров.

„Преминуваме кон нова тактика на специјалната операција против Украинците. Разговарав за сите детали со Магомед Даудов, шефот на Оперативниот штаб на Република Чеченија за спроведување на операцијата“, рече Кадиров на својата канал на Телеграм.

„Непријателот наскоро ќе се соочи со најтешките последици од новиот план за одмазда. Сите наши претходни акции сега ќе им изгледаат како детска игра. Наскоро украинските сили ќе бидат многу, многу лоши. Запомнете ги овие зборови“, напиша Кадиров.

Во меѓувреме, рускиот претседател Владимир Путин рано утринава и се обрати на нацијата и по тој повод издаде наредба за делумна мобилизација. Тој исто така рече дека Западот ги преминал сите црвени линии, заканувајќи се дека секој напад врз Русија ќе резултира со итен одговор. Не блефирам, рече Путин.

Половина час по него, министерот за одбрана Сергеј Шојгу им се обрати на Русите и објасни дека за специјалната операција во Украина ќе бидат мобилизирани 300.000 резервисти на руската армија.


Слично

Поврзани вести