Непријателите на Путин ја презедоа одговорноста за убиството на Татарски
Пресврт се случи за убиството на рускиот блогер Владлен Татарски, затоа што се појави група што тврди дека го убила.
„Медуза“ пишува дека организацијата, која себеси се нарекува Национална републиканска армија (НРА), ја презела одговорноста за убиството на Татарски. Претходно, таа ја презеде одговорноста и за убиството на Дарија Дугина, ќерката на соработникот на Путин, Александар Дугин.
„Организиравме и спроведовме акција на 2 април 2023 година против групата ‘З-активисти’ и лично против познатиот воен пропагандист, воениот злосторник Максим Фомин, познат како Владлен Татарски“, се вели во пораката објавена од НРА.
Тврдат дека немаат врска со странски служби. Тоа руска група која е против режимот на рускиот претседател Владимир Путин.
„Овој чин го подготвивме и го извршивме самостојно и немаме никаква поврзаност, ниту сме добиле помош од странски структури, а камоли од специјални служби“, соопштија од таму.
НРА исто така изјави дека нивната акција не била насочена против мирните цивили и дека сите жртви на нападот се поддржувачи на руската војна против Украина.
Окружниот суд во Москва го одобри барањето на обвинителот за притвор на Дарија Трепова, која беше уапсена по експлозијата, во која во неделата загина воениот блогер Владлен Татарски. Трепова се товари за тероризам и нелегално тргување со експлозиви. Таа ќе остане во притвор до 2 јуни 2023 година, а рочиштето беше затворено за медиумите.