Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕПОЗНАТИ ДЕТАЛИ ПРЕД РАЗГОВОРИТЕ ВО РИЈАД: „Американските компании загубија 300 милијарди долари по напуштањето на Русија

НЕПОЗНАТИ ДЕТАЛИ ПРЕД РАЗГОВОРИТЕ ВО РИЈАД: „Американските компании загубија 300 милијарди долари по напуштањето на Русија

Шефот на рускиот Фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев, кој ѝ се придружи на делегацијата на Москва во Ријад за да разговара за економските прашања со американските претставници, изјави за Си-Ен-Ен дека американските компании изгубиле 300 милијарди долари откако ја напуштија Русија.

„Мислам дека она што го сакаме е добар дијалог. Всушност, американските компании загубија 300 милијарди долари откако заминаа од Русија. Поради недостигот на соработка во американската економија, имаше огромна цифра од загуби од 300 милијарди долари за американските компании“, рече тој.

Дмитриев, исто така, истакна дека економиите на САД и Русија би можеле да имаат корист од заедничката работа.

Според шефот на рускиот Фонд за директни инвестиции, изгледите за преговори се во дијалогот и барањето најдобро решение за САД, Русија, другите земји и меѓународната заедница.

Тој нагласи дека Американците и американскиот претседател Доналд Трамп се „одлични решавачи на проблемите“. Истовремено, Дмитриев укажа на потребата од градење мостови и колку е важно воспоставувањето односи меѓу Москва и Вашингтон за целиот свет.

фото: EPA-EFE/RUSSIAN FOREIGN MINISTRY PRESS

Слично

Поврзани вести