Економија, финансии, бизнис

Контакт

Непозната болест носи животи во Танзанија

Непозната болест носи животи во Танзанија

Мистериозна болест однесе 15 животи во Танзанија. Станува збор за луѓе во градот Мбеја. Тие починале од непозната болест која предизвикува мачнина и повраќање крв, пренесува британскиот „The Sun“.

Фелиста Кисанда, главниот лекар во округот Чуни во Мбеја, рекол дека тим експерти работи на терен за да ја процени состојбата на пациентите и се обидува да го открие причинителот за појавувањето.

„Причинителот за болеста не е идентификуван, па Министерството за здравје прогласи епидемија“, рекол Кисанда.

Увид во клиничките слики на неколку анализирани пациенти потврдил дека сите претходно страдале од чир на желудникот и заболување на црниот дроб. Примероците од крв дополнително се анализираат и испитуваат поради сомневање дека локалните води се заразени со жива и дека тоа предизвикало ширење на болеста.

Потврдено е дека болеста воглавно ги напаѓа мажите, а повеќето заболени починале брзо откако им е откриена оваа болест.

По изјавата на д-р Кисанда во саботата, министерката за здравје на Танзанија, Дороти Гвајика, рекла дека непотребно се шири паника помеѓу граѓаните.

„За да не создадам непотребна паника меѓу жителите, бев принудена да го суспендирам докторот Кисанда и неговиот тим“, изјавила министерката за здравје.

Официјални лица потврдиле дека слична болест се појавила во 2018-та година. 

Слично

Поврзани вести