Економија, финансии, бизнис

Контакт

Непознат сторител од возило во движење фрлил молотов коктел на Кремљ

Непознат сторител од возило во движење фрлил молотов коктел на Кремљ

Непознат сторител утрово од автомобил во движење фрлил молотов коктел кон  зградата на Кремљ во руската престолнина Москва. Нема повредени во инцидентот. 

Пред 28 дена, Русија ја почна инвазијата на Украина. Откако почна војната во повеќе градови имаше антивоени демонстрации, на кои властите ги апсеа демонстрантите. 

Претставникот на Кремљ за климата и ветеран реформатор Анатолиј Чубаис се откажа од функцијата и ја напушти Русија поради неговото противење на војната во Украина, објави Блумберг во средата.

Украинската армија тврди дека досега се убиени 15.300 руски војници, што, како што велат, е повеќе од бројот на жртвите во Авганистан во 1980-тите.

фото Принтскрин

Слично

Поврзани вести