Непознат авион бомбардираше грчки танкер – двајца загинати
Грчките власти соопштуваат дека денес непознат воен авион бомбардирал грчки танкер во Либија и дека двајца членови од екипажот загинале, а двајца се потешко повредени.
Грчкото министерство за поморска трговија соопштило дека бродот „Арево“, кој пловел под либериско знаме, во текот на неделата бил вкотвен во пристаништето Дарна на истокот од Либија, кога неочекувано се случил нападот.
Дарна е упориште на исламските екстремисти кои се заколнаа на лојалност на екстремистите на Исламската држава кои зазедоа значителни делови од Ирак и Сирија.
Бродот „Арево“ имал 26 член екипаж составен од 21 Филипинец, тројца грчки државјани и двајца Романци.. Танкерот пренесувал 12.600 тони гориво, а материјалната штета која е направена при нападот се уште се проценува.
Поради се поголемото насилство и хаос во кој се наоѓа Либија, Арапската лига денеска во Каиро повика итен состанок со своите постојани членови.
Слично
