Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕПОПРАВЛИВА ГРЕШКА: Во единствената болница во Њујорк за пациенти без вирусот, хоспитализирани заразени со Ковид 19

НЕПОПРАВЛИВА ГРЕШКА: Во единствената болница во Њујорк за пациенти без вирусот, хоспитализирани заразени со Ковид 19

Во бродот-болница во Њујорк, единствената која е наменета за луѓе кои не се заразени со коронавирусот, синоќа биле хоспитализирани пациенти чии тестови покажале дека се позитивни на Ковид-19. Тие по грешка се префрлени на воениот брод, закотвен на Менхетен и оваа брод-болница на американската морнарица до сега беше единственото неконтаминирано упориште за сите оние на кои им е потребна итна медицинска помош, но кои не се заболени со вирусот.

Бродот Комфорт е единствената болница во градот во кој има 8 милиони и 700.000 жители, каде се примаат само итни случаи со претходно направени тестови за коронавирусот кои се нагативни. Останатите болници се на располагање на луѓето кои се заразени со вирусот. Во Њујорк до сега има 65.000 заразени пациенти. 


Слично

Поврзани вести