Економија, финансии, бизнис

Контакт

Непалци се приклучуваат во руската армија

Непалци се приклучуваат во руската армија

Сè повеќе платеници од Непал, кои Русите ги викаат „Гурки“, аплицираат за работа во руската армија, привлечени од полесниот пат до државјанството.

На 16 мај Владимир Путин потпиша декрет со кој се поедноставува процедурата за добивање руско државјанство за оние кои се приклучуваат на руската армија. Таа понуда е исклучително привлечна за младите мажи од Непал, каде невработеноста е исклучително висока,

Некои од нив се дури и ветерани на непалската армија, додека една од главните причини за нивното заминување во руската армија е можноста да добијат руско државјанство.

Русија им дозволува на странците да потпишат едногодишен договор за учество во воени операции. Една од придобивките од тој договор е можноста за добивање руско државјанство за пријавениот и неговото семејство.

На интернет се појавија неколку видеа на кои се гледаат регрути од Непал, популарно познати како „гурки“ во руската армија. 

Еден од младите со кои разговараше „Непал прес“ рече дека студирал на рускиот државен универзитет, но визата му истекувала. Тој објаснува дека по завршувањето на студиите имал две опции - или да се врати во Непал и да остане невработени или да се вработи во руската армија.

„Тие не учат како да користиме модерно оружје. Тренингот трае во текот на денот, а понекогаш и ноќе. Дури и за време на обуката добиваме плата од околу 50.000 непалски рупии (околу 350 евра) како и осигурување. По една година добиваме државјанство. Ако не умрам, планирам да живеам овде“, рекол непалскиот регрут.

Гурките се надалеку познати непалски војници, кои стекнаа светска слава поради нивната вештина и издржливост. Тие биле именувани по непалското кралство Гурка, кое британската источноиндиска компанија го освоила и го припоила кон нејзините поседи во Јужна Азија на почетокот на дваесеттиот век.

Иако биле поразени во таа војна, Гурките ги импресионирале Британците со нивната храброст и воинствени вештини. Толку многу што тие регрутирале околу 5.000 непалски војници во своите редови, а набрзо биле формирани три полкови, кои се состоеле исклучиво од Гурки.

Војниците од Непал учествувале во речиси сите војни што Британската империја ги водела во текот на 19 и првата половина на 20 век, вклучувајќи ги и двете светски војни, и со текот на времето се здобиле со аура на храбри и вешти воини, кои не се откажуваат во ниту една ситуација. Затоа овие „кучиња на војната“ се испраќаат таму каде што е најопасно.

Непалците како припадници на полкот „Гурка“ во британските вооружени сили, меѓу другото, учествуваа и во мисијата на КФОР на Косово, веднаш по потпишувањето на Кумановскиот договор во 1999 година.

Гурките потоа донесоа со себе опрема за сузбивање на уличните немири, што сè уште е ретка задача за оваа единица, која ја сочинуваат луѓе од Хималаите, од Непал, кои во светот се познати како храбри и дисциплинирани војници лојални на Британците. 

Кога станува збор за Русија, непалските власти не го регулирале влезот на нивните граѓани во нејзините вооружени сили, што значи дека тие се слободни да аплицираат во „лично својство“, пишува „Јураижан Тајмс“.


Слично

Поврзани вести