Непал се бори против ширењето на зарази
Ситуацијата во Непал останува комплицирана. Надвор од главниот град Катманду, во помалите населени места луѓето буквално се обидуваат да се спасат сами, пренесуваат медиуните.
Во Катманду веќе нема редици за храна во болниците нема таков голем проблем, каков што имаше во првите денови по потресот.
Сепак останува проблемот со ширењето на зарази, бидејќи нечистотијата е голема, а мирисот од ѓубрето е страшна. Многу малку луѓе имаат пристап до чиста вода.
Бројот на жртвите од катастрофалниот земјотрес веќе достигна над 7.050 лица. Непалските власти го затворија единствениот меѓународен аеродром во земјата за големи авиони, носејќи хуманитарна помош. Причината е да се спречи оштетување на единствената писта.
Слично
