Економија, финансии, бизнис

Контакт

Непал ќе загуби најмалку 20% од својот БДП поради земјотресот

Непал ќе загуби најмалку 20% од својот БДП поради земјотресот

Загубите за економијата на Непал како последица на катастрофалниот земјотрес можат да достигнат 5 млиони долара или околу 20 отсто од БДП на оваа мала држава. Тоа го пренесе „CNN“, повикувајќи се на истражувањето на аналитическа компанија.

Разурнувањата се толку големи, поради нискиот квалитет на градежништвото во земјата и тие сигурно ќе имаат потреба од меѓународна помош. Геолошки служба на САД ја одредува големината на нанесените материјални штети помеѓу 1 и 10 милијарди долари.

Во меѓувреме медицинските власти во Непал изјавија дека стравуваат од можноста во земјата да избувнат епидемии. Во болниците нема доволно места, а водата за пиење и храната не се доволни за илјадниците сиромашни луѓе.

„Луѓето лежат на земјата, а до нив има отпад. Тие немаат пристап до медицински маски и тоа може да доведе до заразни болести“, изјавил еден локален лекар.

Слично

Поврзани вести