Економија, финансии, бизнис

Контакт

Непал е пред катастрофа, премиерот претходно советуваше да се лекуваат со листови од гуава

Непал е пред катастрофа, премиерот претходно советуваше да се лекуваат со листови од гуава

Непал е на работ на катастрофа поради пандемијата на коронавирусот. 

Бројот на новозаразени во Непал расте, болниците се пренатрупани, а власта ги моли другите држави за помош. Непал сега пријавува околу 20 дневни случаи на 100 илјади луѓе, односно од прилика ист број како што Индија пријавуваше пред две седмици.

Минатиот викенд, 44 отсто од тестираните биле позитивни. Непал има слаб здравствен систем со помалку лекари по глава на жител од Индија и пониска стапка на имунизација. 

„Ситуацијата од ден во ден се влошува и во иднина можеби и ќе излезе од контрола“, изјави доктор Самир Адикари, портпарол на непалското Министерство за здравство.

Земјата со 31 милион жители дневно пред еден месец пријавуваше околу 100 случаи, а сега се повеќе од 8.000. Премиерот Шарма Оли го советуваше населението да се лекува со недокажан лек против коронавирусот. Тој порача дека болеста може да се лекува со консумирање на листови од гуава. 

Слично

Поврзани вести