Неопходно е ограничување на хипотекарното кредитирање
Bank of England треба да ја разгледа можноста да наметне официјален лимит за односот помеѓу големината на хипотеки и приходите на населението, за да се избегне опасноста од станбен балон во Лондон, предупредуваат експертите од Ernst & Young, пишува Global Property Guide.
Иако секторот на недвижностите во остатокот на Обединетото Кралство предвидува здрав раст, сепак пазарот во Лондон почнува да покажува знаци на "слични на балон услови", се наведува во извештајот на консултантската компанија.
Цените на куќите растат со вознемирувачко темпо како резултат на недостигот на понудата и силната побарувачка во главниот град. Просечната цена на куќите во Лондон се очекува да достигне 600 илјади фунти во 2008 година, што е над три пати повеќе од Северна Ирска и североисточните делови на Англија.
Меѓународниот интерес кон станбениот сектор во Лондон исто така придонесува за растот на цените. Богатите странски инвеститори се редат за луксузните и скапи станбени имоти во Лондон.
Подобриот поврат спрема други делови на светот и слабите позиции на фунтата се меѓу факторите кои го привлекуваат интересот од целиот свет.
Авторите на документот ја советуваат Bank of England да ги спречат луѓето во Лондон да повлечат кредити кои се над три пати поголеми од нивниот годишен приход. Доверителите во Лондон се релаксирани од премногу барања во оваа насока и во моментов хипотеките обично се поголеми од тројниот износ на годишната плата.
Извештајот содржи добри вести за станбениот сектор во остатокот од Велика Британија. Тој цвета благодарение на различните државни програми за поддршка, подобрените кредитни услови, зајакнувањето на вработеноста и забрзаното заздравување на економијата во целина.
Секторот изгледа во многу подобра форма отколку пред финансиската криза во 2008 година, велат експертите.
Тие предвидуваат дека оваа година цените на куќите на Островот ќе пораснат за 8,4 %, а догодина зголемувањето ќе е за 7,3 %. Во текот на следните пет години средното темпо на годишно покачување ќе изнесува околу 6,5 %.
К.К.
Слично
