„НЕОПХОДНА ОДМАЗДА“: Што прават Кина и САД со санкциите?
Кина воведе царини на листата на американски производи во вредност од 16 милијарди долари, како одговор на исто толку нови американски зголемувања на царината на кинеските производи.
Пекинг денес воведе дополнителни санкции од 25 отсто веднаш по одлуката на Вашингтон да воведе толкави наметнувања на производите од Кина во вредност од 16 милијарди долари.
Листата на американски производи на кои се однесуваат на новите царини вклучува автомобили и фабрички машини.
Кинеските власти соопштија дека одлучиле во новата ескалација на трговскиот судир на двете сили да спроведуваат „неопходна одмазд“, наведува кинеската агенција Синхуа.
САД на 6 јули воведоа такси од 25 отсто на кинеските производи во вредност од 34 милијарди долари.
Кина одговори со воведување на слични наметнувања на истата вредност на американски производи.
