Неонацистите во Германија се разбудија на роденденот на Хитлер
Стотици неонацисти излегоа на улиците на градот Остриц на истокот на Германија со цел да го прослават роденденот на Адолф Хитлерот, лидерот на Третиот рајх кој го внесе светот во најстрашната војна во историјата.
Германија како земја со строги антинацистички закони распореди силни полициски единици со цел да го контролира протестот, а дел од демонстрантите се уапсени за нацистички симболи и салутирања.
Дводневната манифестација наречена е „Штит и меч“, а присутните имаат и ултрадесничарска роба во вид на маици, тенкови играчки, постери и така натаму.
Жителите на Остриц, од друга страна, организираа фестивал на мир на главниот пазар, а тамошните медиуми пренесуваат дека на тој настан се појавиле повеќе од 1.000 луѓе во петокот.
