Неодржливо е парламентот да има претседател кој е под истрага, рече Хансен и даде оставка
Хансен вели дека погрешно ги протолкувала правилата, што изгледа им се случило на уште неколку норвешки политичари
Претседателката на норвешкиот парламент Ева Кристин Хансен во четвртокот поднесе оставка откако беше откриено дека парламентот ѝ плаќал за станот во Осло, иако таа со години има куќа со својот сопруг во близина на главниот град.
Хансен изјави за норвешката телевизија NRK дека смета дека е неодржливо парламентот да има претседател кој е под истрага на полицијата.
48-годишната политичарка се најде под лупа откако беше откриено дека можеби има пратенички стан на располагање во главниот град, иако има куќа во близина на Осло.
Сепак, таа е пријавена да живее во Тромсо, поради што има право на стан во главниот град.
Хансен вели дека погрешно ги протолкувала правилата на она што се чини дека им се случило на уште неколку норвешки политичари, наведува агенцијата ДПА.
Ева Кристин Хансен (родена на 5 март 1973 година во Трондхајм) е норвешка политичарка на Лабуристичката партија.FOTO: Аваз.ба/ Aгенции
