Неочекуван раст на индустриското производство во Индија
Индустриското производство во Индија напредуваше повеќе од очекувањата во јануари, со раст од 2,4 отсто на годишно ниво, покажаа официјалните податоци во Њу Делхи.
Јануарскиот раст на производството во индиските фабрики и рудници ги надмина очекувањата на аналитичарите, кои прогнозираа раст од еден отсто, по падот од 0,6 отсто во декември.
Пополнувањето на резервите по слабиот тренд на раст од декември веројатно го поттикна производството, наведе аналитичарот на фирмата „Номура“, Кенди Чанг, додавајќи дека индустрискиот раст веројатно ќе остане слаб, поради лошиот систем на достава како резултат на лошата инфраструктура во земјата и релативно слабата глобална побарувачка.
Слично
