Неочекуван пронајдок: Пронајден дел од трупот на авионот „Малезија Ерлајнс“ и уште тела на жртви
Дел од трупот на авионот MH17 на компанијата „Малезија Ерлајнс“ е пронајден во шума седум дена откако е соборен на истокот од Украина. Освен делови на авионот пронајдени се и повеќе тела на жртви.
После пронајдокот на телата на жртвите и деловите на авионот, официјални лица уште еднаш истакнаа дека е неопходно да се спроведе темелна истрага и да се пребара подрачјето.
„Во шумата пронајдовме огромен дел од трупот на авионот. Тоа се појави неочекувано. Немаше паднати гранки ниту било какви други знаци кои би укажале дека авионот паднал тука“, изјавил порпаролот на ОБСЕ.
Додава дека истражители детално го пребаруваат тој простор.
Тој исто така побарал на меѓународните истражувачи да им биде дозволено непопречена работа истакнувајќи дека од падот на авионот до денес проруските сепаратисти постојано им прават проблеми во текот на спроведувањето на истрагата и забрануваат пристап до местото на падот на авионот.
