Неочекуван потег на пилотот најверојатно кобен за индонезискиот авион
Прелиминарниот преглед на радарските записи на истражителите потврдиле дека авионот „Ербас“, на малезиската компанија „ЕрАзија“ на летот QZ8501 пред исчезнувањето и падот во море нагло почнал да ја зголемува својата висина што били кобно за леталото, сметаат експертите кои ваквите движења на авионот ги нарекле „неверојатни“.
Податоците кои биле анализирани стигнале од леталото токму пред падот на авионот во море односно пред да исчезне од радарите од индонезискиот град Џакарта.
„Податоците кои до сега имавме можност да ги видиме покажуваат релативно високи бројки. Таквото нагло зголемување на висината е навистина преголемо. Според нас тоа е над можностите од оние што леталото може да ги поднесе“, рекол еден од изворите блиски на истрагата.
Истиот извор напоменува дека прегледаните податоци се непотполни па конечното мислење за причините на мистериозниот пад на крајот би можеле да бидат сосема поинакви.
Што се однесува до пилотот кој управувал со леталото, сите негови колеги го опишале како искусен професионалец така што поголемиот дел од нив засега тешко прифаќаат дека тој на своја рака тргнал во некоја „авантура“ на која укажуваат прелиминарните податоци.
Сепак истражните органи се уште се концентрираат на лошите временски услови кои владееле во текот на моментот на исчезнувањето на авионот.
Слично
