Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ НА КИНА-ГО ЗАТВОРИ НЕБОТО ЗА РУСКИ АВИОНИ: Повеќе од 350 летала имаат спорна регистрација

НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ НА КИНА-ГО ЗАТВОРИ НЕБОТО ЗА РУСКИ АВИОНИ: Повеќе од 350 летала имаат спорна регистрација

Кина го забрани прелетувањето на авиони национализирани од Русија, чии вистински сопственици се западни компании.

Повеќе од 300 авиони Ербас и Боинг што ги користат руските авиокомпании повеќе нема да можат да го користат воздушниот простор на Кина.

Откако сопствениците на овие авиони, западни лизинг компании побараа од руските авиокомпании да престанат да ги користат авионите и да ги вратат бидејќи осигурувањето на авионите поскапе поради зголемениот ризик, Русија донесе одлука да ги национализира сите спорни авиони, пренесува порталот Авиатика.

Според уредбата на Владата, тие се пререгистрирани и нивните корисници наместо вистинските сопственици сега се запишани во рускиот воздухопловен регистар. Следеа реакциите на сопствениците на авионите, кои најавија дека таквите авиони ќе бидат запленети кога ќе бидат во воздушниот простор надвор од Русија (и Белорусија).

Кина донесе нова одлука, која не признава фиктивни регистрации на овие авиони и бара од сите авиокомпании кои го користат нејзиниот воздушен простор да имаат правилни и меѓународно признати регистрации за нивните авиони.

Во рускиот воздушен регистар има над 1.200 патнички авиони од различни производители, а од тој број повеќе од 720 авиони се произведени од Ербас и Боинг. Повеќе од половина од таа бројка се во сопственост на странски лизинг компании. Со последната одлука Кина не го забрани својот воздушен простор за сите авиони, туку само за оние кои ја имаат спорната регистрација, а тоа е над 350 авиони.

ФОТО: EPA/ALEXEI DRUZHININ / KREMLIN / SPU

Слично

Поврзани вести