Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕОБЈАСНИВА БОЛЕСТ КАЈ ЕДЕН ОД УЧЕСНИЦИТЕ - Астра Зенека ќе паузира со експериментот за вакцината

НЕОБЈАСНИВА БОЛЕСТ КАЈ ЕДЕН ОД УЧЕСНИЦИТЕ - Астра Зенека ќе паузира со експериментот за вакцината

Компанијата Астра Зенека, која беше во најтесниот круг на компании кои развиваат вакцина против Ковид-19, објави дека ќе паузира со експериментите. Во време на напредната фаза во испитувањето, причина за тоа е необјаснива болест кај учесник во студијата. 

„Ова е рутинска акција што треба да се случи секогаш кога има потенцијално необјаснета болест на едно од испитувањата“, се вели во соопштението на компанијата. 

Всушност, доцната фаза од клиничката проба на вакцината привремено беше запрена, откако компанијата соопшти дека ќе истражува дали болеста која се појавила кај еден од учесниците претставува непосакуван ефект на вакцината. Во соопштението објавено доцна синоќа, компанијата соопшти дека ќе биде направена анализа на податоците добиени од досегашниот тек на тестирањето.

Астра Зенека не откри повеќе информации за можниот непосакуван ефект, освен што го опиша како потенцијално необјаснива болест. Овој случај се појавил во Обединетото Кралство, но одлуката за паузирање на вакцинациите се однесува на тестирањата кои се вршат и во САД и другите држави.

Минатиот месец, Астра Зенека започна да регрутира 30.000 луѓе во САД за својата најголемата фаза од тестирањето.

Вакцината која е подготвена во лабораториите на универзитетот Оксфорд се дава и на илјадници луѓе во Британија како и на помал број државјани на Бразил и Јужна Африка.

Одлуката за запирање на тестирањето следува на истиот ден откако Астра Зенека и уште 8 други фармацевстки компании заеднички објавија неочекувано соопштение, во кое ветуваат дека ќе применуваат највисоки етички и научни стандарди во развивањето на своите вакцини.

Слично

Поврзани вести