Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕОБИЧНО: Продаваат десерт во форма на коронавирусот

НЕОБИЧНО: Продаваат десерт во форма на коронавирусот

Ја искористија пандемијата за да создадат и нудат на продажба десерт во форма на коронавирусот. 

Ресторан во Прага во понудата има десерт во облик на коронавирусот. Десертот стана популарен меѓу гостите. 

Угостителите се надеваат дека ќе им помогне со економската криза со која се соочени.

Украинката Олга Будник ја доби идејата за овој десерт и вели дека идејата ја добила за време на пролетниот карантин, објави Reuters.

Наишла на фотографија на интернет и детално смислила како ќе изгледа десертот, кој е малку помал од тениско топче, со чоколадна кора, украсено со бело чоколадо и суви малини. 

Внатрешноста е од пире од малини и малини во средината. 

Тие продаваат повеќе од 100 парчиња дневно.

Слично

Поврзани вести