Необичен феномен ќе се случи во вторник
Во вторник ќе има делумно помрачување на Месечината и тоа ќе биде последното лунарно помрачување годинава.
Помрачувањето ќе започне во 22:01, а Месечината најмногу ќе биде прекриена со сенката на Земјата и тоа 65 отсто пречник во 23:31, а од неа ќе излезе во среда на 17 јули, еден час по полноќ.
Помрачувањето ќе биде видливо за жителите на Австралија, Африка, Јужна Америка, како и во делови од Европа, а истото ќе ја заобиколи Северна Америка. Тоа значи дека ќе биде видливо само за најјужните делови на континентот. Помрачувањето сепак ќе биде тешко видливо, затоа што висината на Месечината над хоризонтот, нема да биде поголема од една педа испружена рака.
Слично
