Ненамерен масакр во Манила, од грабеж на казино до 36 мртви
36 мртви тела пронајде полицијата во Манила во елитниот туристички комплекс Resort World Manila, а уште десетина се повредени по нападот кој се случи вчера.

Засега властите пренесуваат дека крадец сакал да го ограби казиното, а бил вооружен со автоматска пушка, па тогаѓ настанала масовна паника, луѓе скокале од прозорци за да се спасат и настнало стампедо.

Сепак, крадецот немал намера да ги убива гостите кои веднаш помислиле дека џихадист подготвен да изврши масовен масакр. Потоа крадецот се затворил во една од собите, полеал бензин и се покрил со кебе. Запалил оган кој брзо се ширел и умрел од изгоренеци.

Сите жртви во хотелот се токму како резултат на гушењето од чадот. Во Филипините постои огранок на ИСИС кој изврши напади во различни градови, па затоа и стравот од џихадистите е огромен. Полицијата најави повеќе детали за страшната несреќа и мотивите на крадецот.
