Ненадејно почина првиот човек на руско бродоградилиште за подморници
Руското бродоградилиште во Санкт Петерсбург кое е специјализирано за изградба на ненуклеарни подморници соопшти дека неговиот генерален директор Александар Бузаков ненадејно починал во саботата по 11 години на функцијата, но не објавија детали.
Првиот човек на „Адмиралитет“ ја водеше компанијата од август 2012 година, а во негово време се зголемени нарачките за модерни ненуклеарни подморници, површински бродови и бродови за длабока вода.
Бродоградилиштето гради подобрени подморници со дизел-погон од класата „Кило“, способни да лансираат крстосувачки ракети „Калибр“.
Бузаков дипломирал во 1980 година и имал повеќе од 40 години искуство.
Слично
