Ненадејно почина поранешен врховен командант на руската копнена армија
Во Москва ненадејно почина eкс врховниот командант на руската копнена армија, Алексеј Маслов.
Тој беше и главен воен претставник на Русија во НАТО, а почина на 69-годишна возраст. Компанијата „Уралвагонзавод“ каде што работеше по воената кариера објави дека починал. Маслов се пензионираше од воената служба во 2011 година, пишува Гардијан. Роден на 23 септември 1953 година.
Откако почна војната во Украина, во Русија под сомнителни околности починаа бизнисмени, но и воени лица инволвирани во мобилизацијата.
Слично
