„Немо“ зеде најмалку десет жртви
Најмалку десет луѓе го загубија животот, а останатиот дел од граѓаните на американскиот Источен брег се борат со одогромните снежни наноси што со себе ги донесе снежната бура „Немо“.
-Според метеоролозите кои секоја минута известуваат за состојбата Њујорк веќе го помина најлошото, Бостон речиси, а до вечерва се очекува така да биде насекаде, дури и во Мејн“.
Околу 600.000 луѓе во девет сојузни држави се без електрична енергија. Поголемиот дел од нив се во Масачусец, но многу е погоден и малиот Роуд Ајленд, каде речиси 20 проценти од населението е во темница и студ.
-Не знаеме колку долго ќе трае, но работиме без пауза“, изјави Анхел Таварес, градоначалник на Провиденс, главниот град на Роуд Ајленд.
Сепак во Њујорк состојбата е веќе стабилизирана. И таму паѓаше снег, но не толку колку што се стравуваше.
-Поминавме без најлошото“, изјавил градоначалникот на Њујрок Мајкл Блумберг.
Бурата попушта, а бидејки е викенд многумина можат едноставно да останат дома и да чекаат улиците да бидат колку-толку расчистени.
Поради снегот Бостон изгледа како некој зимски скијачки центар, сепак луѓето се надеваат дека ситуацијата ќе се олабави брзо. очекуваат наредната недела да биде потопло.

Слично