Немирите удрија по рејтингот Украина
Агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс“ го намали долгорочниот кредитен рејтинг на Украина од „ЦЦЦ+“ на „ЦЦЦ“. Рејтингот е намален со образложение дека влошената политичка криза во земјата ја загрози способноста на Владата да го сервисира долгот.
„Сметаме дека поради тоа е зголемена незивесноста околу продолжувањето на исплатата на руската финансиска поддршка на Украина во текот на оваа година, со способноста на владата да го сервисира долгот е доведена во голема опасност“, се вели во соопштението.
„Ова намалување на кредитниот рејтинг е одраз на нашиот став дека политичката ситуација во Украина значително е влошена“, се наведува во соопштението на агенцијата, само еден ден по најтрагичните настани во тримесечната украинска политичка криза, кога во судирите настрадаа 70-тина демонстранти.
Слично
