НЕМИРИ ВО САД: Поддржувачите на Трамп упаднаа во американскиот Конгрес
Повеќе стотици симпатизери и поддржувачи на Доналд Трамп, кој изгуби на последните избори во САД, упаднаа во зградата на Капитол Хил во Вашингтон. Сенаторите и конгресмените од двата дома на законодавното тело во САД треба да ја официјализираат победата на новиот претседател Џо Бајден, но насобраните демонстранти подржани од Трамп и неговите блиски соработници протестираат пред Капитол.
Во еден момент, голема група од приврзаниците на Трамп успеа да ги пробие блокадите од полициските сили кои го обезбедуваа Претставничкиот дом и да се пробијат преку 4 реда блокади.
Стотици од нив потоа влегоа и во Конгресот, по што беше прекината и работата на конгресмените кои имаат за задача да ги официјализираат изборните резултати, кои Трамп не ги признава и обвинува за масовна изборна измама.
На ноемвриските избори, Бајден победи со 306 електорски гласа и со над 7 милиони гласови повеќе од досегашниот претседател.
Инаку, подржувачите на претседателот на САД во заминување Доналд Трамп почнаа протести бидејќи сетаа дека претседателските избори на кои победи демократот Џо Бајден се наместени. Американскиот Конгерс во Вашингтон популарниот Капитол Хил беше евакуиран поради затегнатата ситуација, односно судирот меѓу демонстрантите и полицијата пред зградата, пренесуваа американските медиуми.
Според СНН, новинар од оваа ТВ куќа кога се обидел да го напушти објектот добил забрана од полицијата да излегува од зградата поради тоа што објектот бил под блокада од протестанти.
Трамп претходно во своето обраќање пред подржувачите истакна дека „тој нема да се откаже и да го признае поразот“ на претседателските избори и дека е срамно тоа што се случило на изборите.
