Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕМИРИ ВО ИРАК: Демонстрантите сакаа да влезат во зоната кај Амбасадата на САД

НЕМИРИ ВО ИРАК: Демонстрантите сакаа да влезат во зоната кај Амбасадата на САД

Демонстранти во Ирак се обидоа да упаднат во строго обезбедената Зелена зона во Багдад, каде што се наоѓа и Амбасадата на Соединетите Американски Држави(САД), како реакција на убиството на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи.

Според Си-Ен-Ен, судири меѓу демонстрантите и ирачките безбедносни сили избиле во неделата наутро на мостот „14 Јули“, кој преку реката Тигар води кон Зелената зона. Видео-снимки прикажуваат чад и блесоци, по што демонстрантите се повлекле.

Во Зелената зона се сместени канцелариите на ирачката влада и неколку странски амбасади, меѓу кои и американската.

Истовремено, протести имало и во јужните покраини Ди Кар и Басра, каде што илјадници луѓе марширале, извикувајќи пароли и носејќи знамиња, осудувајќи го убиството на Хаменеи.

Ирачката влада прогласи тридневна жалост и изрази сочувство до Иран. Портпаролот на владата, Басем Ал-Авади, заедничкиот американско-израелски напад врз Иран го оцени како „очигледен чин на агресија и дело што ги крши сите хуманитарни и морални норми“. 


Слично

Поврзани вести