Економија, финансии, бизнис

Контакт

„НЕМАТЕ ПОИМ КАКОВ ОГАН СТЕ ЗАПАЛИЛЕ“: сопругата на Кирк со прво обраќање по убиството

„НЕМАТЕ ПОИМ КАКОВ ОГАН СТЕ ЗАПАЛИЛЕ“: сопругата на Кирк со прво обраќање по убиството

Ерика Кирк, сопругата на убиениот американски конзервативец Чарли Кирк, се обрати до јавноста по убиството.

Организацијата за промовирање на конзервативни вредности Turning Point USA, која ја основа Кирк, го нарече нејзиното обраќање обраќање до нацијата. Имено, Ерика вети дека ќе ја исполни својата мисија и ги повика младите луѓе да се приклучат на неговата организација, како и да го оживеат христијанството.

Таа им рече на „криминалците одговорни за убиството“ дека ако мислат дека мисијата на нејзиниот сопруг е моќна, тогаш немаат поим што штотуку започнале низ САД и остатокот од светот.


„Немате поим каков оган сте запалиле кај оваа жена. Плачот на оваа вдовица ќе одекнува низ целиот свет како борбен повик. Движењето што го изгради мојот сопруг нема да умре“, рече таа, пишува Гардијан.

Кирк беше застрелан и убиен на 10 септември на Универзитетот во Јута додека се обраќаше пред студентите. Тој беше истакнат поддржувач на американскиот претседател Доналд Трамп.


Осомничен за убиството е 22-годишниот Тајлер Робинсон, кој беше уапсен вчера.

Фото: Принтскрин/Икс

Слично

Поврзани вести