Немаш германски пасош – немаш ни работа!
На германскиот пазар на труд сеуште странците имаат полоши шанси за вработување од самите Германци, пишува Дојче веле. Ова особено важи за имигрантите од арапските земји, покажува истражувањето на Институтот за германско стопанство.
Службениците, приватните претприемачи , вработените со плата под 400 евра и странските сопственици на ресторани не се вклучени во статистиката. Ова се однесува само за странците со дозвола за престој. Бегалците и барателите на азил без дозволи за работа се исто така исклучени од истражувањето, додава Дојче Веле.
И покрај овие ограничувања се дава една јасна и целосна слика, вели Холгер Шефер од Институтот за германското стопанство .
„Во принцип , странците се почесто невработени од Германците . Меѓутоа, ние откривме дека постојат странци кои се снаоѓаат подобро , но и такви кои поминуваат полошо од Германците на пазарот на трудот ", вели Шефер .
Додека стапката на невработеност во Германија во јуни изнесуваше седум проценти, кај оние без германски пасош беше на ниво од 14 проценти.
Доселениците од арапските земји се често невработени - а тука предничат оние од Либан , Иран , Авганистан и Ирак.
„Овие луѓе тука не дојшле за работа во Германија, туку како бегалци. Ним им е многу потешко да се снајдат со работа ", вели Холгер Шефер .
Невработеноста најмногу погодува неколку поголеми групи на луѓе од странско потекло . Нема работа за 29.000 Италијанци, но и за 140.000 од 460.000 Турци во земјата. Во споредба со Германците на пример, веројатноста дека еден Турчин ќе остане без абота е два до три пати повисока.
Сепак, има доселеници кои се добро интегрирани . Французи, Британци, Американци или Азијците во Германија имаат исти шанси за вработување како и Германците.
„Исто така многу добро се снаоѓаат и жителите на источните европски земји. Кај Полјаците само малку е пониска стапка на невработеност од самите Германци во земјата. Романците дури имаат малку пониска стапка на невработеност одколку самите Германци", покажува анализата.
Корените на високата стапка на невработеност кај странците лежи во дефицитот од квалификации, вели Шефер . Странците често немаат или имаат многу ниски квалификации. Една четвртина од странците се без професионална обука. Меѓу Германците, такви се само осум проценти.
„Овде заедно со агенциите мораме да работиме напорно за да се справиме со младите невработени лица од странство и да ги мотивираме да завршат стручна обука“, забележува Шефер.
Слично
