Економија, финансии, бизнис

Контакт

„НЕМАМ ВИДЕНО ПОЛОШО ЗЛОСТОРСТВО“: Шефот на полицијата згрозен од масакрот, дали убиецот ги познавал сите жртви?

„НЕМАМ ВИДЕНО ПОЛОШО ЗЛОСТОРСТВО“: Шефот на полицијата згрозен од масакрот, дали убиецот ги познавал сите жртви?

Властите на американската сојузна држава Илиноис синоќа започнаа потрага по 23-годишниот Ромео Ненс, осомничен за убиство на осум лица со огнено оружје во градот Џолиет, на околу 56 километри од Чикаго, соопшти полицијата.

По масовната полициска хајка, масовниот убиец бил пронајден во близина на градот Наталија, Тексас, каде што се самоубил по пресметката со полицијата. Засега не е познат мотивот за убиствата, но осомничениот ги знаел своите жртви, соопштија полициските службеници во изјава за медиумите.

Полицијата се уште истражува, но се соменаваат дека убиените, чии тела биле пронајдени во две одделни куќи, биле членови на исто семејство.

Првата жртва бил 28-годишен маж со потекло од Нигерија, кој живеел во САД во последните три години, бил застрелан од осомничениот во неделата попладне од приватно возило. Следното утро, полицајците пронашле пет тела во куќата во која живеел осомничениот, а потоа уште две тела во куќа спроти улицата, со што бројот на загинати се искачи на осум.


"Јас сум полицаец веќе 29 години. Ова е веројатно најлошото злосторство што сум го видел", изјавил шефот на полицијата на Џолиет, Вилијам Еванс.

Началникот на полицијата во округот Вил, Ден Џанглс, рече дека сè уште не е познато колку долго луѓето во домовите биле мртви пред да бидат пронајдени.

 Освен тоа, во престрелката е ранета и 42-годишна жена, за која постои сомнеж дека е ранета од истото лице, но нема врска со другите жртви.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести