НЕМАМ ИЗБОР, ОДАМ ВО ВОЈНА: Виталиј Кличко ќе се бори за неговата Украина и за Киев
Некогаш
најдобриот боксер на светот, а сега градоначалник на Киев, Виталиј Кличко,
истакна дека е подготвен да земе оружје и да ги брани градот и Украина од
руската инвазија.
Кличко ја заврши својата кариера, одамна, во 2012 година, а само две години подоцна стана градоначалник на Киев.
„Ова сега е крвава војна. Немам избор, морам да го направам тоа, ќе се борам за мојата земја“, изјави Кличко.
Од самиот почеток на својот политички ангажман, Кличко беше познат како истакната личност против зајакнувањето на врските со Русија, а денес заедно со неговиот брат Владимир е подготвен да ја брани земјата од руските сили.
„Рускиот претседател Путин користи воена реторика и на сите ни стави јасно до знаење дека сака да ја уништи Украина и суверенитетот на нејзините граѓани. Неговите зборови се придружени со тенкови и гранатирање. Уништувањето и смртта веќе стигнаа до нас. Ќе се бориме со сите сили за слобода и демократија“, јасен беше и неговиот брат Владимир Кличко.
ФОТО: Инстаграм