Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕМАЛО НИТУ ЕДЕН ЗАРАЗЕН СО КОРОНА: Град во Италија нуди куќи за едно евро

НЕМАЛО НИТУ ЕДЕН ЗАРАЗЕН СО КОРОНА: Град во Италија нуди куќи за едно евро

Град во Италија каде нема коронавирусот продава куќи за 1 евро, но ако купувачот прекрши едно правило ќе мора да плати казна. 

Властите на Чинквефронди во Калабрија, покренале програма која што овозможува во нивната општина да се купи куќа за едно евро.

Програмата насловена како „Операција Убавина“, треба да го реши проблемот со заминувањето на младата популација. 

Во текот на пандемијата  во општината немало ниту еден случај на зараза.

Сите кои што ќе одлучат да купат куќа по повластената цена, ќе мора да ја реновираат во наредните три години. Купувачите ќе мора да платат специјален данок од 250 евра.

Доколку во наведениот рок куќата не биде реновирана, сопственикот на ќуката ќе биде казнет со 20.000 евра.

Вакви понуди имало и порано од градови во Италија. 

Дел од нив сакаа да привлечат семејни луѓе. 

Слично

Поврзани вести