НЕМААТ КИСЛОРОД: Здравството во 19 држави е пред колапс
Здравството во 19 земји е пред колапс поради недостиг на кислород.
Тука спаѓаат Индија, Аргентина, Иран, Непал, Филипини, Малезија, Пакистан, Аргентина, Костарика, Еквадор и Јужна Африка. Тие важат за најранливи откако од март имаа огромно зголемување на побарувачката на кислород од најмалку 20 проценти. Овие држави вакцинирале помалку од 20 проценти од населението. Се стравува дека Лаос е во опасност, како и некои африкански земји, вклучувајќи ги Нигерија, Етиопија, Малави и Зимбабве.
Ова се заклучоците од анализата спроведена од Бирото за истражувачко новинарство, кое ги проучуваше податоците на коалицијата „Секој здив се брои“, невладината организација „Пут“ и Клининтовата иницијатива за пристап до здравствена заштита, пренесува британскиот весник Гардијан. Сега е многу критично во Индија. СЗО порача дека пандемијата нема да заврши никаде, додека не заврши секаде.
