НЕМА ЖИВА ДУША НА УЛИЦИТЕ: Видео од пустошот од Нагорно Карабах (ВИДЕО)
Скоро целото етничко ерменско население побегна од Нагорно-Карабах откако азербејџанската војска ја презеде контролата врз регионот како удар од гром пред две недели.
Ерменскиот премиер Никол Пашинјан го обвини Азербејџан за етничко чистење. Патиштата што водат до главниот град на Нагорно-Карабах, Степанакерт, се речиси пусти - главно има возила на азербејџанската полиција и армија - а градот, како што покажуваат бројните фотографии и видеа кои се појавија на социјалните мрежи, стана „град на духови“.
Мисијата на Обединетите нации што го посети регионот оваа недела рече дека помалку од 1.000 луѓе останале таму.
Мисијата на ОН објави дека по егзодусот во кој повеќе од 100.000 Ерменци избегаа од регионот во последните неколку дена, останаа само 50 до 1.000 припадници на ерменската етничка заедница.
Во соопштението објавено на веб-страницата на ОН по еднонеделната мисија предводена од постојаниот координатор на ОН во Азербејџан заедно со други високи претставници на агенцијата, се наведува дека нема знаци на оштетување на јавни објекти во градот Степанакерт.
- На мисијата влијаеше начинот на кој локалното население ненадејно ги напуштило своите домови и страдањето што ова искуство сигурно го предизвикало - рече тимот на ОН, наведувајќи дека не слушнале од локалното население со кое разговарале за какви било случаи на насилство врз цивили по најновиот прекин на огнот.
Се додава дека тимот на ОН забележал дека владата на Азербејџан прави подготовки за обновување на одредени комунални и здравствени услуги во градот Степанакерт.
Al Jazeera released a report from the lifeless Nagorno-Karabakh. pic.twitter.com/CE3WlZO8JM
— NEXTA (@nexta_tv) October 3, 2023
Мисијата на ОН не доби пристап до руралните области, но не беа забележани знаци на уништување на земјоделската инфраструктура или добитокот, се вели во извештајот.
Фото: Принтскрин/Јутуб